Menu Content/Inhalt
Почетна arrow Местоположба
Местоположба Испечати


Според просторно-географската положба Општина Виница се наоѓа во Источна Македонија. Го зафаќа југо-источниот дел од Виничко - Кочанската котлина и ридско - планинскиот дел од планината Плачковица. Општина Виница зафаќа површина од 432 km2, а се простира на височина од 360m до 1754m.
Просторната и географската локација на општината е многу поволна. Се наоѓа на оддалеченост од 130 км од Скопје. Низ Виница минува регионалниот пат од Кочани до Берово, преку кој општината се поврзува со овие две соседни општини. Меѓународниот пат до Бугарија поминува низ Виница и Делчево, а преку Кочани, Штип и Велес општината се поврзува со автопатот Скопје - Гевгелија.
Покрај градот Виница општината ја сочинуваат уште 16 населени места: Блатец, Истибања, Јакимово, Лески, Градец, Липец, Лаки, Драгобраште, Пекљани, Трсино, Трстија, Крушево, Калиманци, Грљани, Виничка Кршла и Црн Kамен.

 

Флеш вести

Виница ќе биде домаќин на Младинското светско првенство во ракомет за жени што ќе се одржи од 21. јули до 3. август годинава. Со своите знаења од ракометот ќе се претстават ракометарки до 20 години од Шпанија, Франција, Аргентина, Алжир и од Тајван.

 

Анкета

По што Виница е најпозната во Македонија и пошироко?
 

Виница

10.jpg