Menu Content/Inhalt
Почетна
Ново


Оригиналните ранохристијански теракотни икони од 5 и 6 век, откриени на археолошкиот локалитет Виничко Кале, ќе бидат ексклузивните експонати во поставката на Музејот во Виница, кој беше отворен на 29. Мај 2006 година во општинската зграда во градот.
Во 23 витрини ќе бидат презентирани теракотните икони (околу 20 експонати и фрагменти), предмети до неолит, бронзени предмети, таканаречени „македонски бронзи“, од 5 век пред новата ера, доцнохристијански и предмети до среден век. Експонатите биле пронајдени на Виничко Кале и на други локалитети во општината Виница.
Локалитетот „Виничко Кале“ прв пат е евидентиран 1953 година, а систематските археолошки ископувања се започнати во 1985 година. Од „Виничко Кале“ потекнуваат познатите винички теракотни икони, кои датираат од периодот на V - VI век, кои во изминатите години, во разни културни презентации на Македонија се изложувани во Европа и светот.

 

Флеш вести

Виница ќе биде домаќин на Младинското светско првенство во ракомет за жени што ќе се одржи од 21. јули до 3. август годинава. Со своите знаења од ракометот ќе се претстават ракометарки до 20 години од Шпанија, Франција, Аргентина, Алжир и од Тајван.

 

Анкета

По што Виница е најпозната во Македонија и пошироко?
 

Виница

7.jpg